Скандал во Австрија и за време на корона-вирусот (Видео)

Австриската Бундеслига најави дека ќе продолжи на почетокот на следниот месец, а лидерот ЛАСК Линц и Ред Бул Салцбург ќе водат борба за титулата во првенството. Токму водечкиот клуб е во центарот на скандалот откако ЛАСК Линц беше обвинет дека ги прекршил правилата за време на епидемијата од корона-вирусот.

Дури 11 од вкупно 12 прволигашки клубови го обвинија ЛАСК дека во клубот не се придржувале на тоа да има тренинзи на дистанца и во помали групи. Од ЛАСК се жалат дека биле жртви на индустриска шпиунажа.

„Видеозаписот јасно покажува дека ЛАСК го прекрши правилото за тренинг во помали групи кое беше поставено од министерството за спорт“, се вели во заедничката изјава од останатите клубови.

Австрија беше една од земјите кои први дозволија враќање на спортистите на тренинг. Од Фудбалската федерација на Австрија најавија дека ќе воведат истрага околу овој инцидент.

- Оглас -

Најнови вести