Нани се прости со Ристовски и соиграчите во Спортинг, ќе игра во МЛС-лигата

Спортинг ќе има нов капитен, а нивната фудбалска икона, познатиот Нани си замина од клубот и ќе игра за Орландо сити во МЛС-лигата.

Нани се договори со клубод од САД, каде што ќе ја продолжи кариерата, а соиграчите од Спортинг му подарија вредна победа од 3-0 против Брага.

„Спортинг е клубот што ми е при срце, тука ја почнав професионалната кариера и оваа разделба е болна за мене. Сепак, животот продолжува понатаму, а јас, секако, ќе се вратам во мојот матичен клуб“, изјави Нани.

За Спортинг игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, а и тој и сите фудбалери на „лавовите“ од Лисабон беа на ниво и ја декласираа Брага за триумфална разделба со Нани.

- Оглас -

Најнови вести