Нант ја совлада Барселона со 30-25 во утешниот меч за трето место на фајнал-форот од ракометната Лига на шампиони.
Французите беа помотивирани на почетокот, го добија првото полувреме со 14-9 во кое голманот Пешиќ имаше дури 10 одбрани, а во вториот дел Барса одигра многу подобро во нападот, но тоа не беше доволно за пресврт, па бронзата за првпат оди кај Нант на кого ова му е најголем успех после второто место и загубеното финале во 2018 година.
Нант во полуфиналето беше разбиен од Фуксе Берлин, па имаа мотив да го поправат впечатокот и успеаја. Против себе имаа моќен тим кој вчера во полуфиналето на драматичен и болен начин загуби од Магдебург, па Каталонците со мислите како уште да беа на тој меч кој тешко ќе го преболат.
За Нант ова беше само втора победа во 11 дуели против Барса, првата ја имаа во 2017 година. За Барса ова беше 13-ти фајнал-фор, а само по вторпат завршија како четврти.