Напад за Скудетото – Манџукиќ доаѓа кај Ибра во Милан?

Марио Манџукиќ е блиску до потпис со Милан, известија одредени италијански медиуми кои се надоврзаа на шпекулацијата на добро информираниот новинар за трансфери Џанлука ди Марцио.

Искусниот хрватски голгетер наводно ќе се приклучи на екипата на Росонерите како слободен играч, откако изминативе шест месеци Манџукиќ ги помина без клуб по раскинувањето на договорот со Ал-Духаил.

Човекот кој пет години ги бранеше боите на Јувентус, се наоѓа пред портите на „Сан Сиро“, а Манџукиќ со своето искуство дефинитивно може да придонесе во екипата која атакува на Скудетото по пауза од цела деценија.

Доколку Манџукиќ потпише за Милан, Стефано Пиоли ќе располага со искусни голгетери заедно со Златан Ибрахимовиќ, по што седумкратниот европски шампион дефинитивно ќе ги зголеми шансите за до крајот на сезоната да остане на врвот во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести