Пет возбудливи дуели од најсилните лиги носат одличен вкупен коефициент во Квотите на денот

Пет интересни мечеви кои се играат во силните европски првенства се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.76.

Аталанта гостува кај Калјари, а се нуди коефициент од 2.05 за тимот од Бергамо да постигне еден или два гола во првото полувреме.

Копенхаген е апсолутен фаворит за победа над Вејле и тука комбинацијата е домаќинот да води на полувреме и да победи на крајот, а да бидат постигнати меѓу два и пет погодоци за да биде добитна квотата од 2.15.

Лацио и Удинезе треба да одиграат дуел со малку погодоци, па опцијата е во првото полувреме да нема повеќе од еден гол, а во вториот дел да бидат постигнати меѓу еден и два погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.20.

Манчестер јунајтед да не загуби на „Олд Трафорд“ во дуелот со Брентфорд во меч на кој двете екипи ќе постигнат најмалку по еден погодок се вреднува со квота од 2.05.

Еспањол дома да не загуби од Леванте во меч на кој во првите 45 минути нема да има повеќе од еден погодок е со квота од 1.90.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести