Чави Симонс е еден од лидерите во репрезентацијата на Холандија. Со 23 години, овој фудбалер на Тотенхем се очекуваше да биде главна алка во тимот на Холандија на Светското првенство кое започнува за помалку од 50 дена.
Сепак, планот на Симонс за настап на Мундијалот останува само неостварена желба, затоа што се повреди и ќе мора да паузира подолг период. Холандскиот репрезентативец изминатиов викенд во дресот на Тотенхем се повреди во победата на гости кај Вулверхемптон. Симонс заработи повреда на коленото, а лекарските прегледи покажаа дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти, што наложува неколкумесечна пауза.
„Велат дека животот може да биде многу суров и јас тоа сега го чувствувам. Моето срце е скршено. Сите мои желби за добар финиш на сезоната и настапот на Светско првенство сега ги нема“, рече Симонс.
View this post on Instagram
Освен Холандија, ова е многу лоша вест и за Тотенхем затоа што тимот кој се бори за опстанок во лигата сега е ослабен. Тотенхем моментално е на 18-тото место на табелата, што значи дека е во зоната за испаѓање. Симонс сезонава одигра 43 меча за Тотенхем, во кои постигна шест гола, а имаше и седум асистенции. Во дресот на холандксата репрезентација има 34 меча и шест погодоци.

