Нападнатиот Ковачевиќ има повреда на коленото

Дарко Ковачевиќ, кој вечерва беше цел на вооружен напад во Атина, имал доста среќа и не е во животозагрозувачка состојба, јавуваат грчките медиуми, кои веќе објавија и изјава од поранешниот српски фудбалер. Тој има повреда на коленото, и тоа здобиена кога легнал настрана во неговата кола за да го избегне куршумот откако видел дека вооружено лице сака да пука во него.

Напаѓачот испукал еден куршум и веднаш побегнал од местото на настанот, бил со автомобил од марката „смарт“, а на 700 метри од куќата на Ковачевиќ колата била пронајдена како гори со цел да се избришат евентуални траги. Внатре бил и пиштолот со којшто е извршен нападот.

„Видов човек како излегува од автомобил и со пиштол во рака одеше накај мене. Инстинктивно легнав на десната страна, тогаш тој пукна, па почна да трча, влезе во неговиот автомобил и замина“, изјави Ковачевиќ.

- Оглас -

Најнови вести