Напаѓачот на Хатајспор објасни како го преживеал земјотресот

Напаѓачот на Хатајспор, Кевин Сони, имаше многу среќа да го преживее разорниот земјотрес во Турција. Сони заврши во болница со полесни повреди, а сега реши да открие што го спасило во кобната ноќ.

Првиот катастрофален земјотрес со силина од 7,8 степени по Рихтер се случи во понеделникот рано наутро во 4:17 часот, а неколку моменти подоцна поголем дел од градот Хатај беше срушен до земја.

Камерунецот кој игра за клубот во овој град, а дојде како позајмен играч од грчкиот Астерас, бил буден во моментот на земјотресот и така успеал да избега надвор.

„Јас сум муслиман. Ме спаси тоа што бев буден. Сакав да чекам да дојде 6:40 часот и да ја направам утринската молитва. Ако бев заспан во времето кога се случи земјотресот, ќе бев под урнатините и немаше да има шанса да преживеам“, раскажува Сони.

Соиграчот на Сони, Кристијан Атсу, ја немаше таа среќа. По репрезентативецот на Гана уште се трага, иако првично имаше информација дека е изваден од под урнатините, сепак уште нема абер за Атсу.

- Оглас -

Најнови вести