Напаѓачот се посрамоти, но противничкиот бек ја „поправи“ неговата грешка (Видео)

Кинеското првенство влегува во завршната фаза и станува сè поинтересно. Денеска се играше  првиот меч од полуфиналето меѓу Џијангсу Сунинг и Шангај СИПГ, а на крајот резултатот беше 1:1.

Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме. Домаќините поведоа со голот на Бразилецот Алекс Тешеира, а гостите израмнија во 81-вата минута, и тоа со бизарен автогол на Жанг Ченг.

Шангај СИПГ изведе добра акција, топката беше упатена во петерецот, а напаѓачот Лу Венџун иако беше во стоотстотна шанса, не погоди. Голгетерот ја промаши топката, па таа наместо во голот, заврши во главата на Ченг и наа крајот повторно заврши во мрежата на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести