Напнато на Јариње, стигна автобусот на Ѕвезда (Фото)

Експедицијата на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда пристигна на преминот Јариње во обид сепак да добие дозвола да влезе во Косово и да го одигра натпреварот од Купот на Србија против Трепча закажан за 14 часот.

Од косовската полиција не им дозволија влез, па мечот ќе биде одложен и веројатно ќе се игра утре, во Стара Пазова. Околу автобусот во кој се фудбалерите и управата, има српска и косовска полиција, навивачи кои скандираат, како и новинари и фоторепортери.

Генералниот секретар Звездан Терзиќ, кој дојде со џип, потврди дека косовската влада не им дава да влезат, а не ја знаат причината и сега се водат консултации пред да се види дали тимот ќе се врати во Белград.

- Оглас -

Најнови вести