Наполи го има Мајкл Џордан, Елмас и соиграчите покажуваа кон небеските височини (Видео)

Виктор Осимен игра фантастично за Наполи и ќе биде еден од најзаслужните ако клубот од Неапол го освои Скудетото во Италија, а е многу блиску по денешната победа од 3:0 против Специја.

Нигериецот даде два гола, вториот и третиот за гостите кои поведоа со погодокот од пенал на Квича Кварацхелија во 47. минута.

Вториот гол во 69. минута беше ремек-дело на Осимен. Успеа да ги надскока голманот Драговски и бекот Николау и со небески скок од место да погоди со удар со глава.

https://twitter.com/gani_jonathan/status/1622218624436953090?s=20&t=GYaNd20nkO7ACSTgZlwJKA

Играчите на Наполи се радуваа со Осимен за прекрасниот гол и покажуваа кон небото, како алузија за моќниот одраз на Нигериецот.

Многу брзо во 73. минута Осимен даде уште еден гол со што ја запечати новата победа на Наполи.

https://twitter.com/AnciensLillois/status/1622220637363216386?s=20&t=GYaNd20nkO7ACSTgZlwJKA

Елмас играше од 63. минута, а со својот клуб се се поблиску до третата шампионска титула во Италија, прва по 33 години.

Наполи има 56 бодаод 21 меч, 16 повеќе од Интер и Рома и по 18 од Лацио, Милан и Аталанта.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести