Наполи ја прекардаши, ќе го казни Елмас за изјава за медиумите

Елиф Елмас може да се соочи со дополнителна казна од Наполи, поради изјава за медиумите, во моменти кога газдата Аурелио Де Лаурентис им забрани на играчите да комуницираат со медиумите.

Елмас и останатите играчи на Наполи веќе се казнети парично, а сега клубот најави дека ќе покрене нова дисциплинска мерка.

Газадата на клубот Аурелио Де Лаурентис со тоа ја продолжува војната со играчите, по нивното одбивање да останат во карантин во хотел.

Елмас летово го засили Наполи за 19 милиони евра од Фенербахче, но сега се соочува со неочекувани проблеми.

- Оглас -

Најнови вести