Наполи ја заврши работата со Елмас, следна цел е Николас Пепе

Наполи ја заврши работата со Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец веќе е во Италија на медицински прегледи, а Карло Анчелоти со своите соработници веќе се насочи кон новата цел на трансфер-пазарот и ќе се обиде да го донесе извонредниот напаѓач на Лил, Николас Пепе.

Наполи му нуди на Лил 60 милиони евра за ангажман на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и плус да го испрати Алжирецот Адам Оунас во редовите на францускиот прволигаш.

Лил има понуда од околу 75 милиони евра од Манчестер јунајтед, што ја одби барајќи цели 100 милиони евра за 24-годишниот напаѓач.

Се очекува во трката да се вклучи и Пари Сен Жермен ако го продаде Нејмар, што е извесна варијанта, па Наполи ќе има тешка мисија да го доведе вториот стрелец во француската лига од ланската сезона.

- Оглас -

Најнови вести