6026 Наполи – АЗ Алкмар (18.55 часот)
Наполи и понатаму е без Елмас и Зјелински, но холандскиот тим има четворица болни, па не се знае кој тим е пооштетен од корона-вирусот. Наполи викендов изненади со убедливата победа над Аталанта, пред тоа ја разбија и Џенова, па тука би требало да има голови. Во прилог на тоа оди и податокот дека АЗ Алкмар во последните четири меча во Холандија одигра четири нерешени ефикасни натпревари со голови на двете страни.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.03)
6032 Јанг бојс – Рома (18.55 часот)
На стадионот во Берн ќе има ограничен број публика. Швајцарскиот тим нема примено гол на последните пет меча во сите натпреварувања. Од друга страна, Рома викендов одигра еден меч со 7 голови против Беневенто. Римјаните не се комплетни, ќе ги нема Смолинг, Манчини и Ѕаниоло, неизвесен е Пасторе и нема да им биде лесно против тим кој дома не загубил уште од 11 јануари. Волчицата е благ фаворит, но Младите момчиња може да има направат проблем на Италијанците.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)
6034 Селтик – Милан (21.00 часот)
Гостувањата на „Селтик парк“ секогаш се незгодни, иако овојпат трибините нема да бидат полни. Отсуствата на Ребиќ и Чалханоглу се проблем за Росонерите, но ако Ибрахимовиќ биде инспириран како против Интер, Милан може да се надева на триумф. Селтик е како ранет лав, викендов загуби во големото глазговско дерби против Ренџерс. Милан на последното гостување кај Селтик во 2013 година победи со 3-0 и сега е поблиску до победата.
Предлог тип: 2 (1.80)
6036 Хофенхајм – Црвена ѕвезда (21.00 часот)
Хофенхајм е тим кој игра во променлива форма, од убедлива победа над моќниот Баерн, до порази од Ајнтрахт и Борусија Дортмунд во последните две кола. Германците имаат еден куп повредени играчи, меѓу кои и првиот стрелец Крамариќ. Ѕвезда ќе се обиде да го искористи тоа, но ќе мора да одигра подобро отколку во дербито против Партизан, кое викендов заврши 1-1. Белградските црвено-бели не се без шанси, но типуваме дека нема да победат.
Предлог тип: 1Х & 3+ (1.83)
6042 Тотенхем – ЛАСК (21.00 часот)
Тимот на тренерот Мурињо се испраксира да игра ефикасни мечеви во кои и дава и прима голови. ЛАСК знае да биде незгоден и може да даде гол во Лондон, но прашање е колку погодоци ќе прими австрискиот тим. Кејн и Сон се во одлична форма и тоа е проблем кој треба да го решава тимот од Линц. Тотенхем овојпат нема да дозволи кикс, веројатно ќе ја научат лекцијата дека и кога водат со 3-0, не треба да се опуштаат.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.66)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Наполи – АЗ Алкмар 1 & T1 3+ (2.00)
Хофенхајм – Црвена ѕвезда Т2 2+ второ (2.30)
Тотенхем – ЛАСК Линц 1-3 I & 1-3 II (1.90)