Наполи ќе се ослободи од Осимен за 100 милиони евра – Веќе има кандидат за купување

Виктор Осимен летово ќе се најде на трансфер листата во екипата на Наполи, откако тренерот Лучано Спалети му дал зелено светло на раководството за негова продажба.

23-годишниот напаѓач дојде во 2020 година од Лил за 80 милиони евра, но и покрај тоа што покажа дека поседува голем квалитет, многу често се повредува и одигра само 50 натпревари.

Манчестер јунајтед наводно е заинтересиран за неговите услуги, а тимот од Неапол бара 100 милиони евра. Ќе следуваат интензивни преговори меѓу двете страни, а нè e исклучена можноста и за вметнување на некој од фудбалерите кои што се дел од Премиерлигашот, со цел да се намали цената.

- Оглас -

Најнови вести