Наполи официјално се збогува од Конте со порака од само три збора

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи ја потврди оставката на Антонио Конте од функцијата главен тренер. 

Кратко, сувопарно, без „љубовно писмо“, без носталгија и без желба за успех во иднина. Така наполитанците се простија од Конте кој лани им донесе титула во Серијаа А.

Наполи со три збора се прости од Конте преку социјалните мрежи, но тие сумираат јасна порака: „Ви благодарам, господине Конте“.

Нема благодарност до персоналот, нема традиционални најдобри желби за иднината. Постои само заслужено признание за сработената работа.

Разделбата со Конте може да значи и разделба со Елиф Елмас кој и онака не е член на Наполи туку е под договор со Лајпциг, а во Италија играше како позајмен. Конте го ценеше Елмас и веројатно ќе инсистираше на негово останување во тимот, вака, иднината на нашиот фудбалер е неизвесна иако тој би сакал да продолжи во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести