Наполи продолжува таму каде што застана минатата сезона, рутински го реши Сасуоло

Италијанскиот шампион Наполи ја оствари втората победа во вториот натпревар во Серија А, вечерва со 2:0 го победи Сасуоло.

Виктор Осимен го отвори резултатот во 16-та минута со голот од пенал и до крајот на првиот дел немаше промени. Голот на Осимен може да го погледнете ТУКА.

На стартот од второто полувреме, Сасуоло остана со играч помалку по исклучувањето на Макси Лопез поради пцуење на судијата, и тоа Наполи го искористи да постигне уште еден гол, иако можеше триумфот да го направи поубедлив.

Џовани ди Лоренцо во 64-та минута по асистенцијата на Кварацхелија, го постави конечниот резултат. Голот на Ди Лоренцо може да го видите на следниот ЛИНК.

Претходно во 60-та минута, Распадори не реализира пенал за Наполи.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, ги одигра последните 10-тина минути.

Во вториот вечерен натпревар, Џенова приреди изненадување со победата од 1:0 на гости кај Лацио.
Единствениот гол го постигна Матео Ретеги во 16-та минута. Голот може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести