Наполи славеше голема победа во Фиренца, на чекор е од ЛШ (Видео)

Наполи победи на гостувањето кај Фиорентина со 2-0 и се врати на четврто место на табелата во Серија А со еден бод предност пред петтопласираниот Јувентус. Во последното коло следниот викенд, Наполи игра дома со Верона, и ако победи, ќе игра во Лигата на шампионите.

Лоренцо Инсиње (19-ти гол сезонава) и Пјотр Зјелински (првпат дава гол на три меча по ред) кои ги играат своите најефикасни сезони во кариерите, беа стрелци на двата денешни голови на „Артемио Франки“. Елиф Елмас не влезе во игра.

https://twitter.com/i/status/1393899493163245570

- Оглас -

Најнови вести