Наполи со интересна стратегија ќе го привлекува Икарди

Иако сопругата и менаџерка на Мауро Икарди, Ванда, сака нејзиниот маж кариерата да ја продолжи во Јувентус, интерес за него има и од Наполи, а и Ванда ќе добие нешто што Јуве не може да го понуди.

Првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, е познат италијански филмски продуцент, и на Ванда Нара ѝ понудил една од главните улоги во неговиот нов филм „Боќик во Лондон“ кој треба да се појави во кината во декември.

Од Интер се расположени да ги слушнат понудите за својот напаѓач, бидејќи желба на тренерот Антонио Конте е да ги привлечат Ромелу Лукаку или Един Џеко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести