Наполи зголеми на плус четири ама и Ливерпул се „разбуди“ (ВИДЕО)

Наполи по неполни две минути игра постигна уште еден, четврти гол против Ливерпул.

По втор пат вечерва мрежата на гостите ја погоди Пјотр Зјелински. Навистина зачудувачки е тоа што се случува на тимот од Енфилд кој што игра како аматерска екипа.

Но, гостите покажаа знаци на живот откако Луиз Дијаз стрелаше прецизно во 50-та минута. Останува да се види дали ова значи будење на гостите, или пак само почесен погодок.

- Оглас -

Најнови вести