Направен фоторобот: Полицијата му влезе во трагата на убиецот на водачот на „Алкатраз“

Речиси по две недели од убиството на водачот на навивачите на Партизан, Љубомир Марковиќ-Кичо, полицијата направила фоторобот од убиецот и полека влегува во трага. Убиството се случи додека Марковиќ излегувал од балонот во којшто играл фудбал со своите пријатели.

Убиецот знаел дека Кичо е на фудбал, го чекал да излезе, а потоа без многу двоумење, пред очите на повеќе пријатели на Марковиќ, извадил пиштол и почнал да пука. Љубомир уште кога го видел убиецот, ја препознал опасноста и започнал да бега, но бил ранет и паднал на земја. Тогаш убиецот ладнокрвно му се доближил и со два куршуми директно во главата го докрајчил, а потоа со џип избегал. Убиството е забележано на неколку камери, а егзекуцијата може да ја погледнете ТУКА.

Благодарение на камерите, но и на изјавите и описите на сведоците на убиството, полицијата има трага за тоа кој би можел да го изврши убиството. Убиецот на лицето немал маска, носел капа, a сведоците на убиството можеле да го видат директно во лице.

„Убиецот не го криел лицето, но носел поголем капут за да ја скрие конституцијата на телото. Сепак тоа е воочливо на камерите кои го снимиле убиството.Убиецот има и карактеристичен начин на одење. Делува како Марковиќ да го знаел од порано“, вели за српските медиуми извор близок на истрагата.

Марковиќ беше познат како водач на навивачката група „Алкатраз“. Има поминато девет и пол години во затвор поради убиството на францускиот навивач Брис Татон. Полицијата детално ја разгледува можноста убиецот да не е и некој со кого Марковиќ бил во затвор во тој период.

„Нивните погледи се сретнале, а Кичо неколку секунди гледа во убиецот а потоа почнува да бега. Во текот на бегањето успева да извади пиштол, но немал време да го употреби.Убиецот му пукал директно во глава, а потоа заминал со џип БМВ“, вели изворот близок на истрагата.

Дел од претпоставките се дека Марковиќ сакал да формира нова навивачка фракција и поради тоа што поголем дел од другите групи тргнале со него, бил убиен од ривали на навивачката сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести