Наредбата на Косово била јасна: Уапсете ги фудбалерите на Ѕвезда!

Не успеа обидот на Црвена Ѕвезда денеска да стигне во местото Житковаци и да го одигра мечот од Купот на Србија против Трепча. Косовските власти беа тие кои не дозволија на нивна територија да се игра дуел кој не е под капата на Косовскиот фудбалски сојуз, туку се работи за дуел на два српски клуба.

Фудбалерите на Ѕвезда и раководството пристигнаа на границата со Косово и беа подготвени да влезат, но добија забрана. На граничниот премин имаше голем број на полициски сили од Косово. Според пишувањата, полицијата била подготвена да ги уапси сите оние кои ќе пробале да ја поминат границата без дозвола.

На крајот, дуелот меѓу Трепча и Црвена ѕвезда не се одигра денеска и е одложен за утре, а ќе се игра во српскиот град Стара Пазова.

 

- Оглас -

Најнови вести