Стоп за Црвена ѕвезда, не им е дозволено да влезат во Косово! (Видео)

Натпреварот од 16-финалето на Купот на Србија помеѓу Трепча и Црвена ѕвезда кој требаше да се игра од 14 часот во местото Житковац на Косово, нема да се игра. Овој настан крена голема прашина уште после ждрепката.

Фудбалската федерација на Косово не дозволува Ѕвезда да игра официјален фудбалски меч на нивна територија. Српскиот првак замина за Житковац, треба да стигне на административниот граничен премин Јариње, но косовската полиција ќе ги врати назад. Од ФИФА бараа косовските фудбалски власти да не прават проблем, но од УЕФА немаше такво писмо.

„Никогаш нема да дадеме одобрение. Ѕвезда, Партизан или било кој друг, може да игра пријателски или хуманитарни мечеви во Косово, но официјални мечеви не. Ја известивме полицијата и бараме да ги спречи“ – рече Еролд Салиху, генералниот секретар на фудбалскит сојуз на Косово.

На Јариње има бројни полициски сили, новинари, политичари, а и десетина автомобили со навивачи. Неофицијално, мечот ќе се игра в четврток во спортскиот центар на ФСС во Стара Пазова.

 

- Оглас -

Најнови вести