Нашата талија, Бобан Николов: Нека се радува Македонија, знаев дека ќе победиме

Бобан Николов е македонската талија, а во последните три години оствари три големи успеси. Играше со младата репрезентација на Македонија на ЕП за играчи до 21 година во Полска, што беше историски успех, истата година како член на Вардар испиша историја со прв настап на наш клуб во фаза по групи во Европа Лигата, а вечерва заслужено слави хет-трик со пласман на сениорската селекција на ЕП идната година.

И веднаш кога му честитавме само кусо изјави: Ви кажав дека нема шанси да загубиме во Тбилиси. Нека се радува цела Македонија, ова е голем успех и за фудбалот и за спортот и за целиот народ“, ексклузивно за Спорт Манија ни изјави Николов.

Приказната почна кога му побаравме изјава овде во Тбилиси, а Николов само кусо возврати, запиши дека Македонија сигурно ќе оди на Европско првенство. По мечот не заборави и пресерќен само кусо искоментира:

„Бев 100 посто сигурен, знаеш дека не губам на големи мечеви“, вели пресреќниот македонски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести