Наследникот на Ван Дајк веќе е во Ливерпул (видео)

Ливерпул вчера во контролката против Штутгарт славеше со 3-0, а Јирген Клоп располагаше со речиси најсилниот состав. Во моменти кога се знаеше дека англискиот шампион во добро светло ќе ги започне подготовките, германскиот стратег во игра пушти талентиран стопер во кого се гледа наследникот на Вирџил Ван Дајк.

Станува збор за Били Куметио, 17-годишниот француски талент на кого висината и техниката му се навпечатливи карактеристики. Куметио доби прилика да ги одигра последните дваесетина минути од средбата и веднаш го сврте вниманието на се себе.

Навивачите на Ливерпул се убедени дека на Куметио му претстои блескава кариера доколку продолжи да се развива под палката на Клоп.

- Оглас -

Најнови вести