Натхо го реши вечното дерби, Партизан ќе атакува на петта куп-титула во низа (видео)

Партизан со минималните 1-0 го совлада лутиот ривал Црвена ѕвезда во 20-тото вечно дерби кое се одигра во рамките од полуфиналето во Српскиот куп. Тимот на Саво Милошевиќ успеа да се пласира во финалето на Купот, каде што против Војводина ќе атакува на петта куп-титула во низа.

Драматичната битка на стадионот „Партизан“ им припадна на Црно-белите кои сосема заслужено славеа, а мечот го реши Натхо во 58-мата минута. Дербито го зачинија доста прекини и вербални расправии меѓу играчите, додека полните трибини дополнително ја запалија атмосферата.

https://www.youtube.com/watch?v=Il4G0Inq1vI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести