Натпревар од купот на Перу се играше на терен со трева до колена (Видео)

Неверојатна снимка од меч од Купот на Перу го заобиколи светот. Екипите играа на ужасен терен на кој тревата не беше искосена, на моменти топката се криеше во плевелот, тревата им беше до колена на играчите кои се мачеа да трчаат, камоли да ја контролираат топката.

Ова е голем срам за фудбалот во Перу, а по социјалните мрежи има огромен број коментари со негодување и сеир од типот „Каде и да е, од тревата ќе излезат диносауруси“ и „Косилката е создадена во 1893 година, дали ова е снимка од 1892 година?“.

Посебна приказна е судијата кој носи капа како некој градинар. Средбата се одигра во место на надморска висина од речиси 4.000 метри, па и тоа дополнително ја усложнуваше задачата на фудбалерите.

Главното прашање е како Федерацијата дозволила да се игра на ваков терен?

https://twitter.com/i/status/1774913488407699892

- Оглас -

Најнови вести