Шпанија ја совлада Турција со 72-69 и го освои првото место во групата А на Евробаскетот. Ова беше директен дуел за првата позиција, и поснаодлива се покажа Црвената фурија која беше предводена од Лоренцо Браун и Вили Ернангомез.
При 71-68 за Шпанија, Шејн Ларкин имаше две слободни, го погоди првото, го утна второто, а по фаулот на Браун, Американецот со шпански пасош стави точка со еден погоден пенал.
Кај Шпанија најдобри беа Вили Ернангомез со 15 поени и 7 скока, и Браун со 11 поени и 7 асистенции. Кај Турција, најефикасен беше Џеди Осман со 20 поени, Фуркан Коркмаз даде 16, а шутерски целосно потфрли Ларкин кој заврши со само 3 поени, кои не можеше да ги покрие со солидните шест асистенции.