Навали народе, од утре почнува продажбата на билети за пријателскиот меч со Словенија

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, Mk Tickets, од утре, 29-ти мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците чинат 300 денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина. Капацитетот е ограничен на 30%, или нешто повеќе од 10.000 фанови.

„Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.

ФФМ билетите за западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да им бидат поддршка на „Рисовите“ за натпреварите од ЕУРО 2020“ – велат од федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести