Навива за Реал, идол му е Сафин, ќе проба да го изненади Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Карен Хачанов е 18-ти на АТП листата, и на хартија гледано, нема што да бара во финалето на Мастерсот во Париз против најдобриот на светот, Новак Ѓоковиќ. Но, од Хачанов не се очекуваше ниту да стигне до финалето, па успеа.

За Ѓоковиќ се знае речиси сè, тој ќе се обиде да го освои парискиот Мастерс за првпат после три години, а пречка му е незгодниот 198-сантиметри висок Русин кој претставува иднина на „белиот спорт“.

Хачанов почнал да игра тенис на само тригодишна возраст, а татко му бил одбојкар, па затоа и не треба да чуди што тенисерот има висина со која слободно би можел да се замимава и со одбојка. Тениски идол му е Марат Сафин, против кого има играно еден егзибициски меч во Хелсинки, а не крие дека инспирација му е Хуан Мартин дел Потро.

Да не бил тенисер, би сакал да биде кошаркар. Навива за Реал Мадрид и Мајами хит, а омилени спортисти му се Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Конор Мекгрегор.

Ако успее попладнево да го победи Ѓоковиќ, на 22-годишниот Карен ова ќе му биде најголем успех во кариерата и четврти освоен трофеј. Но, секако и Ноле се прашува.

- Оглас -

Најнови вести