Навивач на Атлетико извади шпанско знаме на „Камп Ноу“, видете како си помина (Видео)

Еден повозрасен навивач на Атлетико Мадрид, на „Камп Ноу“ во Барселона собра храброст да истакне шпанско знаме со амблемот на Атлетико во средина, и тоа на трибина на која се домашните фанови.

Оваа провокација не заврши славно за поддржувачот на мадридските Јорганџии. Освен што со сила му беше тргнато знамето, човекот мораше и да се премести, обезбедувањето со исфрли од трибината.

Затоа немаше проблеми со македонското знаме кое се најде на трибините меѓу фановите на Барса.

Еве како изгледаше конфликтот на навивачите на Барса со фанот на Атлетико:

https://twitter.com/i/status/1650152726494314497

- Оглас -

Најнови вести