Бундеслигашот Келн на социјалните мрежи сподели реакција на еден нивен навивач кој се откажа од членството поради што на новиот дрес се гледа џамија.
На новиот гостински дрес црвената површина е прикриена со панорама од градот Келн, а џамијата е дел од инфраструктурата, дизајн кој очигледно не му се допаѓа на навивачот.
Клубот го прифати одјавувањето и порача дека кај нив нема место за тип навивачи кои не ја прифаќаат религиозната определба.
https://twitter.com/fckoeln_en/status/1293131828841402369