Навивачи на АЕК пред УЕФА бараат Динамо Загреб да биде исфлен, европската куќа на фудбалот му се закани на друг грчки тим

Додека фудбалерите на АЕК Атина веќе се во Загреб, каде што утревечер против Динамо ќе го одиграат првиот натпревар од третото коло од квалификациите за ЛШ, нивните навивачи направија герила акција во Нион, Швајцарија, пред седиштето на Европската фудбалска федерација.

Група навивачи на АЕК од Цирих пред седиштето на УЕФА поставија транспарент со кој бараат да се исфрли Динамо од квалификациите поради нередите кои ги направија неговите навивачи во Атина и кои резултираа со смртта на 29-годишниот навивач Михалис Кацурис.

„Исфрлете ги нацистите од фудалот“, пишуваше на транспарентот.

УЕФА пак денеска му се закани на друг грчки тим, ПАОК, кој игра против Хајдук Сплит во квалификациите за Лигата на конференции. Бидејќи и ова е грчко-хрватски двомеч, од УЕФА не сакаат нови инциденти меѓу навивачите и на челниците на ПАОК им порачаа дека нема да толерираат употреба на факли, петарди и ласери на дуелот со Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести