Навивачи на Челзи позираат со нацистички симболи

Фановите на лондонски Челзи, при гостувањето во Будимпешта, каде тимот играше меч со МОЛ Види од Лига Европа, истакнале знаме на кое имало нацистички симбол. На спорната фотографија која се појави на социјалните мрежи, неколку навивачи држат англиско знаме, на кое има дизајн на череп како што користеше нацистичката парамилитарна формација СС пред, и за време на Втората светска војна.

Овие навивачи се дел од групата „Хедхантерс“, хулигани кои дејствуваа во минатото под слоганот „Нема предавање“. Се верува дека ова знаме не било внесено на стадионот во четвртокот, а групата од 30-40 навивачи кои имаат забрана за влез на „Стемфорд бриџ“ дошле во Будимпешта во четвртокот во сопствена режија и без билети за натпреварот.

Челзи го осуди анти-семитичкото скандирање на дел од навивачите, но клубот во иднина може да биде и казнет од УЕФА, со затворање на дел од трибините на „Стемфорд бриџ“ доколку овој случај се повтори.

Еден навивач на лондонските „сини“ е под истрага од полицијата за расистички извици кон фудбалерот Рахим Стерлинг од Манчестер сити.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, е Евреин, и на разни начини се бори против овие негативни појави кај навивачите на неговиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести