Навивачите го бараат Меси, но претседателот на Ал-Хилал не сака да зборува на оваа тема

Претседателот на саудискиот шампион Ал-Хилал, Фахд бин Нафел, одби да ги коментира шпекулациите за можноста да потпише договор со Лионел Меси.

Навивачите на Ал-Хилал за време на последниот натпревар против Ал-Вахд, го скандираа името на актуелниот фудбалер на ПСЖ, но Бин Нафел, не сака зборува на оваа тема.

„Не ме прашувајте за Меси, нема да ви кажам ништо. Ако нешто објави нашата прес-служба, сите ќе ја имате таа информација“, им рече Бин Нафел на новинарите.

Новинската агенција, Франс прес, неделава, повикувајќи се на извори во Ријад кои се блиски до управата на Ал-Хилал, објави дека Меси следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија и ќе потпише двегодишен договор со кој ќе инкасира неверојатни милијарда евра.

„Секоја ѕвезда која ќе дојде мора да знае дека ние сме голем клуб. Нашата цел да го подобрите тимот, ако се фокусирате на еден играч, ќе го загубите тимот“, додаде Бин Нафел.

Во Саудиска Арабија веќе настапува најголемиот ривал на Меси, Кристијано Роналдо, кој потпиша две и пол годишен договор со Ал-Наср вреден 500 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести