Навивачите ја одбраа идеалната петорка на Партизан, во неа и Мекејлеб! (фото)

Анкетата на АБА лигата им овозможи на фановите да избираат идеални петорки на тимовите кои ги поддржуваат, а на ред дојде да се одбираат најдобрите играчи на најтрофејниот клуб во јадранското првенство, Партизан.

Навивачите на белградските Црно-бели се присетија на поранешниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, ставајќи го во идеалната петорка на позицијата плејмејкер. Нашиот миленик и еден од најзаслужните играчи на Македонија за освоеното четврто место на Евробаскетот во 2011 година, иако одигра само една сезона во дресот на Партизан остави длабока трага.

Мекејлеб ги предводеше до евролигашкиот фајнл-фор во 2010 година, а истата сезона ги освои титулите во АБА лигата, српското првенство и српскиот куп. Покрај Бо, во петорката се најдоа Богдан Богдановиќ, Дејвис Бертанс, Јан Весели и Никола Пековиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести