Најверните навивачи на Рома престојниот викенд најавија бојкот на натпреварот против Удинезе во Серија А како израз на револт против сопствениците на клубот кои му дадоа отказ на Даниеле де Роси. Легендата на клубот доби отказ, а на негово место за нов тренер е назначен Иван Јуриќ.
Трибината на која се наоѓаат најжестоките тифози на Рома ќе остане празна во првите 30 минути од натпреварот. Тие ќе останат пред стадионот и дури потоа ќе влезат на мечот.
„Време е да се слушне нашиот глас. Ги повикуваме сите навивачи од секој дел на трибините да се приклучат на нашиот протест. Ќе останеме надвор од стадионот во првите 30 минути од натпреварот“, истакнаа навивачите на Рома.