Управата на Манчестер јунајтед не планира да троши пари за засиливања во зимскиот преоден рок. Причина за овој потег е желбата на сопствениците на Црвените ѓаволи американското семејство Глејзер да го продаде тимот, пишува „Дејли мејл“.
Според весникот, претстојниот преоден рок кој започнува на 1 јануари, ќе биде тежок за навивачите кои веќе го доживеаја првото разочарување. Имено, во понеделникот Ливерпул пред нос им го украде Коди Гакпо на Црвените ѓаволи, кои неколку месеци преговараа со ПСВ и со холандскиот репрезентативец.
„Сопствениците на Манчестер јунајтед не планираат никакви трошоци за јануари идната година бидејќи семејството Глејзер сака да го продаде тимот. Аврам Глејзер веќе зборувал со потенцијалните купувачи од Саудиска Арабија и Катар, кои се подготвени да понудат шест милијарди фунти за тимот“, пишува „Дејли Мејл“.

