Навивачите на Ал-Етифак бесни на Џерард: „Сака да го избркаме и со парите да се врати во Европа“

Стивен Џерард е пред отказ во Ал-Етифак, откако вооптшо не ги оправда очекувањата, а после елиминацијата од Ал-Џабалаин во кралскиот Куп на Саудиска Арабија, навивачите збеснаа и ја обвинија легендата на Ливерпул дека сака само да им ги земе парите.

„Им честитам на фудбалерите на Ал-Џабалаин. Заслужено победија, бидејќи играа храбро и одлучно, но со помош на нашиот тренер Џерард и неговите трикови. Слаб голман, слаба одбрана, слаба средина и слаб напад, непочитување на тренерот, менаџмент за кого фудбалот е досаден.“ – вели еден од навивачите.

Друг оди малку подалеку и го обвини Џерард дека чека да му дадат отказ и со парите да се врати во Европа.

„Џерард е пропаднат тренер. Фрливме пари за него, а тој само чека да го избркаме, да ги собере парите и да се врати во Англија. Воопшто не му е грижа за клубот и резултатите, ќе ги земе парите и ќе се одмора во Англија.“ – вели навивачот, а пренесуваат медумите од Саудиска Арабија.

Стивен Џерард на клупата на Ал-Етифак седеше на 46 меча, на кои има 17 победи, 14 нерешени и 15 порази.

- Оглас -

Најнови вести