„Босанскиот тенк“ заслужува да ја добие капитенската лента на „топчиите“

Реакциите по херојскиот чин на Сеад Колашинац не само што не престануваат, туку се засилуваат, а навивачите на Арсенал бараат тој да биде нов капитен на тимот бидејќи е позитивен пример за другите Топчии.

Колашинац ги воодушеви сите кога со голи раце успеа да ги избрка маскираните вооружени (со ладно оружје) напаѓачи кои се обидоа да го повредат и ограбат Месут Озил кој беше заедно со сопругата. Поради тоа, интернетот гори од реакции, твитерџиите се натпреваруваат кој ќе направи подобар клип.

И НБА-ѕвездата Јусуф Нуркиќ го пофали својот храбар сонародник, нарекувајќи го бештија (ѕвер).

Инаку, според најновите информации од полицијата и исказите на сведоци, напаѓачите го начекале Колашинац пред неговата куќа и побарале да им го даде неговиот часовник, но едноставно налетаа на погрешен човек и не добија ништо, освен што со камења го оштетиле возилото на Озил.

Целата брканица траела 15 минути, а заврши кога Озил стигна пред турскиот ресторан и тука доби засилување, но најголемиот дел од работата ја заврши босанскиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести