Екипата на Баер Леверкузен со победата од 3-2 против Штутгарт во Купот на Германија дојде до ефект од 30 натпревари во серија без пораз. Еден од најзаслужните за овие резултати е шпанскиот тренер Чаби Алонсо, кој ги прероди Фармацевтите.
Сепак, навивачите на Баер Леверкузен по натпреварот можеа да прочитаат информации од англиските медиуми дека Ливерпул веќе ги направил првите контакти со нивниот тренер. Црвените од „Енфилд“ планираат замената за Јирген Клоп, кој најави дека налето си оди од Ливерпул, да биде токму Чаби Алонсо, кој дел од својата играчка кариера ја мина токму во нивните редови.
Интерес за младиот шпански тренер има и од екипата на Барселона, која е во потрага по замената за Чави Ернандес, но оваа опција за Чаби е малку веројатна и тој најверојатно ќе се врати на „Енфилд роуд“, но овојпат во улогата на тренер.