Навивачите на Баерн полудеа поради реакцијата на Тухел по примениот гол, Кејн веќе разговараше со неговиот наследник

Германскиот шампион Баерн Минхен синоќа загуби со 1:0 од Лацио во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а навивачите и медиумите го сметаат тренерот Томас Тухел за главен виновник за поразот и лошите резултати сезонава.

Баерн минатиот викенд загуби со убедливи 3:0 од Баер Леверкузен во дербито на Бундеслигата и направи голем чекор наназад во одбраната на титулата.

Одлучувачкиот момент на „Олимпико“ се случи во 67-мата минута, кога Дајот Упамекано го фаулира Исаксен во сопствениот шеснаесетник, по што Чиро Имобиле од белата точка го совлада Мануел Нојер.

До крајот на мечот, Баерн не успеа да постигне гол, а на удар на навивачите се најде тренерот Томас Тухел, кој можеби за последен пат седеше на клупата на германскиот тим. Тие се гневни поради реакцијата на Тухел по примениот гол.

Имено, кога Лацио поведе, Тухел извади лист хартија и почна да пишува нешто, со што ги извади од такт навивачите. Тие на социјалните мрежи реагираат и сметаат дека тој требало да стане од клупата и да им подели совети на фудбалерите.

Германските и англиските медиуми пишуваат дека лесно може да се случи во наредните денови Тухел да добие отказ и на негово место да дојде Жозе Мурињо.

Според англиските медиуми, напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, кој во Тотенхем соработуваше со Мурињо, стапил во контакт со Португалецот и наводно му порачал дека би сакал тој да биде следен тренер на Баерн.

Од друга страна, Мурињо по отказот во Рома, веќе почнал активно да го учи германскиот јазик, што го прави главен фаворит за клупата на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести