Навивачите на Бодо со огномет во 2.30 часот ги будеа играчите на Тотенхем (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем со предност од 3-1 дојдоа во Норвешка на реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа, но реваншот воопшто нема да им биде лесен.

Навивачите на Бодо/Глимт синоќа во 2.30 по полноќ пред хотелот им приредија „изненадување“ и огномет, кој сигурно ги разбудил од спиење и им направил нервоза. Бодо е опасен тим на свој терен затоа што гостинските екипи од другите делови на Европа не се навикнати да играат на таков студ, ветер и терен со вештачка трева.

Вечерва не се очекува да биде премногу ладно (околу 5 степени), па тоа нема да биде проблем за лондонските Петли, но ветерот и вештачката подлога, секако, ќе бидат проблематични. Тоа го знае и тренерот Анге Постекоглу, кој како предводник на Селтик, има загубено од Бодо/Глимт.

- Оглас -

Најнови вести