Нa aџилак во Болоња за поддршка на Синиша Михајловиќ (Фото)

Стотици навивачи на Болоња со посета на познатиот Манастир „Свети Лука“ се молеа за здравје на Синиша Михајловиќ, кој од завчера го почна процесот и медицинскиот третман во битката против леукемијата.

Со таканаречениот аџилак симпатизерите на калчолигашот му посака на својот тренер што побрзо да закрепне и да се врати на теренот. Ги предводеше сопругата на Михајловиќ, Аријана Рапачони, која им се заблагодари на навивачите и сите што го подржуваат семејството Михајловиќ во тешката битка со опасната болест.

На Синиша на почетокот на месецов му беше соопштено дека има леукемија, а со хемотерапијата почна во петокот. Во зависност од развојот на настаните Михајловиќ ќе се обиде со совети до своите помошници, да продолжи да кормилари со бродот на Болоња, а поддршка за него постојано пристигнува без разлика на клуспката припадност и симпатии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести