Навивачите на Челси му испратија јасна порака на Азар (Фото)

Навивачите на Челси му порачаа на Еден Азар дека тој треба да остане во клубот, бидејќи таму припаѓа. На гостувањето кај Лестер, гостинските фанови истакнаа парола на која пишуваше „Крвта на Еден Азар е сина. Челси е твој дом“.

Интересно е што Азар беше резерва на овој меч и од клупата многу добро можеше да прочита што му порачуваат фановите, иако е се поверојатно дека тој ќе си замине од лондонскиот тим. Реал Мадрид треба да биде следна дестинација на белгискиот репрезентативец, кој влезе во игра во 70 минута на мечот против Лестер.

- Оглас -

Најнови вести