Навивачите на Евертон ќе навиваат против својот тим во дуелот со Сити

Манчестер сити може да го искористи киксот на Ливерпул против Вест хем и со победа над Евертон (20:45 часот) да избие на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата. Актуелниот шампион откако го совлада Арсенал (3-1), има голем мотив, но и шанса да ја врати неизвесноста во трката за шампионската титула, а вечерва ќе имаат поддршка и од домашните навивачи на Евертон.

Ако ги прашате, тие со задоволство би претрпеле пораз од „граѓаните“ само за нивниот градски ривал да биде отстранет од првото место. Во случај да слави Евертон, нема да биде значајно за „карамелите“, но тоа би било прилика за Ливерпул да избега на шест бода разлика веќе во следното коло. Секако, тоа е само мислење на навивачите, допрва ќе се види како нивните миленици ќе одиграат вечерва против Сити.

Гостите подразбирливо се фаворити во пресрет на дуелот на „Гудисон парк“, додека Евертон има уште една сезона за заборав и немаат некој посебен мотив.

- Оглас -

Најнови вести