Навивачите на Ливерпул пак му се ситат на Луис Суарес

Луис Суарес е прогласен за главен виновник што репрезентацијата на Уругвај не се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, тој беше единствениот што утна во пенал серијата против аутсајдерот Перу, па неутешниот фудбалер на Барселона по елиминацијата, не можеше да ги сокрие солзите.

Уругвај беше подобар од Перу, но остана без полуфинале, а сеир на сметка на трагичарот Суарес има од многу фанови, особено тие на европскиот првак Ливерпул.

Кога Меси погоди за 3-0 во полуфиналето на ЛШ, провокаторот Суарес му се внесе во лице на Робертсон, и тој потег ги налути навивачите на Ливерпул, кои сметаа дека „канибалот“ не требало така да постапи бидејќи и тој некогаш земаше плата од „црвените“.

„Плукањето во стариот бунар“ жестоко му се удри од глава на Суарес, и оттогаш, му се случуваат лоши работи. Барса беше шокирана од Ливерпул и истана без финале во ЛШ, потоа каталонците загубија во финалето на Купот на Шпанија, а сега грешка на Суарес придонесе Уругвај да биде поразен. Плус тоа, Барселона најавува засилувања во нападот, па Суарес на многу мечеви може да се најде и на клупата за резерви.

Погледнете го потегот после кој работите за Суарес тргнаа во рикверц:

https://twitter.com/i/status/1124092112650293248

- Оглас -

Најнови вести