Навивачите на Манчестер Јунајтед се бесни: „Дадовме богатство за дебакл, а тој се смее“

Манчестер Јунајтед е елиминиран од Лигата на Европа уште во четвртфиналето, откако синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај Севиља. “Црвените ѓаволи“ примаа смешни погодоци, пред се по грешките на Де Хеа и Мегварер, но уште еден фудбалер е критикуван од навивачите на Манчестер Јунајтед.

Ветеранот Касемиро минатото лето се пресели од Реал Мадрид на “Олд Трафорд“ за 70 милиони евра, а сега е на жесток удар на навивачите поради фотографијата на која се смее за време на натпреварот против Севиља.

Ова се само дел од коментарите на навивачите на Манчестер Јунајтед:

– „Зошто Касемиро се смее? Нема никаква потреба за тоа!“

– „Касемиро насмеан после ваква ужасна претстава на неговата екипа. За тоа ќе биде жестоко критикуван.“

– „Касемиро после ваква катастрофа од игра се смее со судијата? Очигледно ваквиот пораз не го погоди како што ги погоди навивачите на трибините во Севиља, кои потрошија вистинско богатство за патувањето и влезница за натпреварот, а го гледаа овој тежок дебакл.“

– „Касемиро кој се смее со судијата после ваков срамен пораз совршено опишува се што морате да знаете за Јунајтед. Група на просечни фудбалери.“

- Оглас -

Најнови вести