Навивачите на Манчестер сити бараа деветти гол, но победија „само“ со 8-0 (Видео)

Малку, поточно еден гол, недостасуваше Манчестер сити да го изедначи премиерлигашкиот рекорд на најубедлива победа. Сити го разби Вотфорд со дури 8-0, но фановите на „граѓаните“ во финишот бараа и деветти погодок. Тоа не се случи.

Сити во првите 18 минути даде дури 5 гола, и беше на пат да го изедначи рекордот на Манчестер јунајтед од 9-0 од 1995 година против Ипсвич.

Ова се сите претходни премиерлигашки победи со осум гола разлика: 1999 година: Њукасл – Шефилд Венсдеј 8-0, 2010 година: Челзи – Виган 8-0, 2012 година: Челзи – Астон Вила 8-0, 2014 година: Саутхемптон – Сандерленд 8-0, 2009 година: Тотенхем – Виган 9-1.

Денеска, Бернардо Силва за првпат во кариерата (има играно 178 меча во англиска, француска и португалска лига) направи хет-трик, тој и Кевин Де Брујне дадоа голови во второто полувреме, но еден гол фалеше за историја. Сити по трети пат на еден меч имаше шест различни стрелци.

https://youtu.be/arJPDdxse1k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести