Навивачите на Милан од автобус го извлекле Донарума и му дале ултиматум до мечот со Јувентус!

Џанлуиџи Донарума е голманот кој уште како 16-годишен тинејџер доби шанса да брани за Милан. Сега, на 22 години, Донарума има веќе преку 240 натпревари за Росонерите, но голманот вчезе во проболеми со навивачите.

Веќе подолго време се најавува дека Донарума не сака да го продолжи договорот со Милан и дека негова следна дестинација ќе биде Јувентус. Навивачите на Милан чекаа, чекаат и решија да преземат свои мерки за да ја решат неизвесноста околу иднината на Донарума на „Сан Сиро“.

Како што пишуваат италијанските медиуми, по вчерашниот меч со Беневенто на кој Милан победи со 2:0, фановите го чекале автобусот со фудбалерите и го сопреле. Влегле во автобусот, го извадиле Донарума надвор и му дале ултиматум. Голманот има време до сабота да одлучи дали ќе го продолжи договорот со клубот или не.

Доколку реши да направи трансфер во Јувентус, навивачите се заканија дека Донарума нема шанси да брани во дуелот против Јувентус кој се игра во Торино на 9 мај. Тој меч може да биде и решавачки за тоа која од двете екипи ќе обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона, па фановите се плашат дека ако Донарума се одлучи следната сезона да брани за Јувентус, дека може да направи кикс и да влијае на резултатот на мечот кој се игра следната недела.

Донарума сигурно чекаше да заврши сезоната и да види дали Милан ќе обезбеди место во ЛШ, па да размисли дали да остане во клубот или не, но сега ќе мора да ја забрза работата и му остануваат уште шест дека да донесе одлука.

- Оглас -

Најнови вести